1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија и Индија ќе ја јакнат економската соработка

БГ/СН/макфакс11 јули 2012

Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски и државниот министер за надворешни работи на Индија, Пренит Кор на средбата во Скопје се согласија дека е потребно продлабочување на односите меѓу двете земји.

https://p.dw.com/p/15VJs
Фотографија: AP

Унапредувањето на економската соработка и јакнењето на трговската размена, како и иницирањето на инвестиции се приоритет во односите меѓу Македонија и Индија. Ова на средбата во Скопје го заклучија шефот на македонската дипломатија Никола Попоски и државниот министер за надворешни работи на Индија, Пренит Кор. Двајцата министри заклучија дека меѓу Македонија и Индија постојат пријателски односи, но и се согласија од потребата за нивно продлабочување.

Кор е придржувана и од економска делегација составена од видни индиски бизнисмени. Во рамки на посетата, беше потпишан и Меморандум за разбирање меѓу Стопанската Комора на Македонија, Сојузот на Стопански Комори на Македонија и Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија од една страна и Индиска конфедерација на индустрии од друга страна.

„Уверена сум дека мојот дијалог со министерот Попоски и потпишувањето на меморандумот за разбирање понатаму ќе ја зајакне политичките, трговските и културните односи меѓу нашите две пријателски земји и ќе го направи уште по плодно“, рече Кор.

Високата гостинка од Индија изрази надеж дека по мартовската посета на премиерот Никола Груевски на Индија ќе следуваат и посети на претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и шефот на дипломатијата Попоски на оваа азиска земја.