1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија – кризна ситуација

19 јули 2007

*

https://p.dw.com/p/BJqJ

Поради високите температури и големиот број пожари, македонската влада прогласи кризна состојба на територија на цела држава. Кризната состојба ќе трае во наредните 14 дена со можност за продолжување. Од утре треба да се воведе скратено работно време од шест часа во услови на континуирана висока температура, до следната одлука на владата. Според министерот за здравство, Имер Селмани, мерките на владата за јавната и државната администрација се задолжителни, додека за граѓанскиот и бизнис секторот се препораки.