1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија најверојатно ќе добие условена препорака за преговори со ЕУ

8 октомври 2009

Македонија во претстојниот извештај на ЕК на 14 октомври, најверојатно ќе добие условена препорака за старт на преговори со Европската унија. Проблемот со името и добрососедските односи остануваат суштински услов.

https://p.dw.com/p/K1zx

Македонија најверојатно ќе добие условена препорака за старт на преговори, во претстојниот извештај на Европската комисија на 14 октомври, сметаат дипломатите во Брисел.

Во моментов, сите капацитети на европската извршна власт се ангажирани во пронаоѓањето компромисна формулација со која ќе се поздрави реформскиот напредок во земјата, а истовремено ќе се потенцира и неопходноста од решение за спорот со Грција. Таа формулација според дипломатите најверојатно ќе биде слична на онаа од самитот на НАТО во Букурешт.

Добросоедските односи и решавањето на спорот се еднакво важни аспекти од евроинтегративниот процес на земјата колку и останатите европски реформи.

За европратеникот Јелко Кацин, од особена важност ќе биде за Македонија сега да демонстрира конструктивност во преговорите: „Да биде мудра и да не провоцира на начин како што тоа го правеше во минатите месеци“, вели Кацин.

Jelko Kacin
Јелко КацинФотографија: Europäisches Parlament

Добивањето препорака за преговори не значи и добивање датум за преговори

Отворањето на претпристапните преговори треба да биде крајната цел на државата, која не би смеела да се задоволи со препорака. Европратеникот Кацин препорачува Македонија да се угледа на Хрватска, која успеа да го деблокира спорот со Словенија и да ги продолжи преговорите со ЕУ.

„Се‘ додека Хрватска не свати дека таа е таа која мора и може себе да се одблокира, немаше поместување“, нагласува Кацин.

Иако Загреб и Љубљана не го решија спорот, тие постигнаа договор кој и‘ овозможи на Хрватска да напредува.

Дипломатите велат дека еден од мудрите потези за владата во Скопје би можел да биде да повлекувањето на проектите за градење антички споменици и преименувањата со антички референци.

Автор: Тања Милевска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема