1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија на тапет во ЦЕФТА

БГ/миа9 јули 2013

Поради ограничувањата во увозот на српските производи кои ги воведе македонската влада, Секретаријатот на ЦЕФТА ќе расправа за овој проблем на 22 јули, на барање на Србија.

https://p.dw.com/p/194A2

Седница на Секретаријатот на ЦЕФТА по повод уредбата на Владата на Македонија за ограничувањето на увозот на брашно и пченица од Србија ќе биде одржана на 22 јули во Белград, јави агенцијата Бета, повикувајќи се на српското министерство за трговија

Министерот за трговија Расим Љајиќ минатата недела упати писмо до Секретаријатот на ЦЕФТА со итно барање да се одржи вонредна седница на ова тело, поради мерките кои ги воведе Македонија, со кои, како што наведуваа српските медиуми, е прекршен договорот на ЦЕФТА. Претседавач со ЦЕФТА оваа година е Босна и Херцеговина.

Србија засега нема воведено мерки на реципроцитет против Македонија, иако српската Влада во петокот (05.07) најави такво нешто, доколу во наредните десет дена не се реши проблемот со ограничувањето на увозот на брашно и пченица од Србија во Македонија.

Во тој случај, како што беше најавено, ќе се разгледа ограничувањето на увозот на македонско вино и домати. Македонската влада донесе одлука со која за килограм увезена пченица,

Македонските увозници мораат да купат три килограми домашна, а за килограм брашно да купат четири килограми домашна пченица.