1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија не доби датум за почеток на преговори со ЕУ

6 ноември 2007

*

https://p.dw.com/p/C4kK

ЕК денеска официјално го претстави извештајот за напредокот на Македонија во кој нема датум за почеток на преговори за членство. Еврокомеасарот за проширување Оли Рен претпладнево во Брисел нагласи дека политичките конфликти се главниот проблем кој го забавуваат реформскиот процес и приближувањето на земјата кон Унијата. Македонија во извештајот е пофалена за економските реформи и напредокот во борбата против корупцијата. Главните критики се во делот на јавната администрација и правосудството. Во однос на спорот за уставното име Рен нагласи дека станува збор за билатерален проблем кој треба што поскоро да биде решен. Македонскиот премиер Никола Груевски изјави дека извештајот е избалансирана оценка на случувањата во Македонија во последната година. Груевски смета дека наведените слабости се наведени во деловите каде владата зависи од соработката со опозицијата и други фактори.