1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија не може да очекува брз почеток на преговорите

Свето Тоевски7 јуни 2006

Интервју со идниот македонски амбасадор во Брисел,Блерим Река

https://p.dw.com/p/Addg

Дали кај домашната јавност можат да се појават разочарување и преиспитување на желбите да се влезе во ЕУ?

-Прво,јас не очекувам разочарување,зашто целиот предчленки процес на секоја земја трае долго,да речеме Словенија требаше да чека 12 години по независноста за да влезе во Унијата.Така беше и со другите бивши комунистички држави од источна и централна Европа,така да не верувам дека може да дојде до разочарување ако се одолговлечи процесот на влегување на Македонија во ЕУ.

Дел од населението во земјата влегувањето во Унијата го сваќа како волшебно стапче со кое би можело да се решат домашните социоекономски проблеми,но според други мислења,ЕУ треба да ја прими Македонија,но откако ќе се потврди дека како држава е способна сама да си ги реши проблемите. Што мислите Вие?

-Тоа е долг,сложен процес на приближување кон стандардите на ЕУ,посебно кон политичките,правните и економските стандарди,така што во овој процес ние ја докажуваме нашата способност и нашиот административен капацитет да се справиме со критериумите од Копенхаген и од Мадрид,што значи во овој процес ние треба да докажеме дека сме способни да ги завршиме успешно преговорите кои треба евентуално да отпочнат идната година,околу 35-те глави на правниот поредок на ЕУ.Не сум од тие кои прогнозираат,уште помалку даваат датуми,понајмалку за зачленување на Македонија во ЕУ,тоа ќе зависи од целото општество,од државниот апарат,од административните структури,од граѓанското општество,од универзитетските и академските институции,само заедно ние можеме да докажеме дека мора и може да се биде членка во еден среднорочен период. Но,јас не верувам дека тоа ќе дојде брзо,барем не пред 2010,2012 година.Треба многу сериозно да се свати внатрешнниот комплекс,што значи внатрешните задачи што треба да ги изврши Македонија.Зашто ниеден дипломат,ниеден амбасадор,колку и да е вешт и способен,не може да претстави подобра слика отколку што ја има внатре.