1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија не одговори на конкретните прашања на Тери Дејвис

Тони Гламчевски1 март 2006

Македонија не одговори на конкретните прашања на Генералниот секретар на Советот на Европа за сомневањата околу вмешаноста на нејзини функционери или официјални лица на било кој начин, во акција или по грешка во нелегално лишување од слобода на лице, па дури и кога таа акција била спроведена од или под инструкција на тајна служба од друга земја. Поточно таа не кажа ништи за случајот „Ел Масри“, за што беше

https://p.dw.com/p/AeMT
Советот на Европа
Советот на Европа

критикувана од Тери Дејвис.

46-те земји членки на Советот на Европа одговорија на прашањата кои им ги постави Генералниот секретар Тери Дејвис.

„Сите нивни одговори не можат да се наречат како целосно задоволувачки“, рече тој, најавувајќи притоа дека повеќе земји ќе добијат писма во кои се бараат дополнителни информации. Меѓу тие земји се наоѓа и Република Македонија, која е наведена во информативниот документ како земја која недала, поточно „одбила“ да даде целосен одговор.

„Босна и Херцеговина, Германија, Италија и „Поранешната Југословенска Република Македонија“, беа земјите за кои во извештајот на Дик Марти беа изразени сомневања со досега најдетални документи. Со исклучок на Германија, сите другите ја пропушуштија приликата, што е за жалење, да дадат комплетни и соодветни одговори, со цел да се да се отстранат сите сомневања за нивните грешки и сомневања“, додаде Тери Дејвис.

Имено, Македонија во официјалниот допис испратен до Генералниот секретар во ниту еден дел не се осврнува врз случајот „Ел Масри“, ниту пак за сомневањата дека на нејзина територија постоеле нелегални центри на американската тајна служба ЦИА. Овие сомневања беа изнесени и во извештајот на ПС на СЕ, изработен од Дик Марти затоа зачудува зошто македонската влада не одговорила на тие сомневања, иако за тоа беше поставено директно прашање.

„Навистина не гледам како тие можеле да заборават да го наведат тоа во нивните одговори, бидејќи не е само Дик Марти кој зборува за нив, туку и судовите се занимаваат со нив и се тема на барање на судска соработка од една друга Држава членка на Советот на Европа“, нагласи Тери Дејвис.

Генералниот секретар, соопшти дека во одговорот на германската влада стои дека се отворени судски истраги, меѓу кои и за случајот Ел Масрим за што Германија официјално побарала и додатни информации од владата на Република Македонија.

Значи македонската влада ќе мора да се објасни пред Советот на Европа за случајот „Ел Масри“, колку побрзо, толку подобро, бидејќи денес, таа беше која што беше покажана со прст во Стразбур.

Што се однесува до анализата на сите прашања кои пристигнаа во Стразбур, Генералниот секретар на Советот на Европа беше директен:

„Најголемиот дел од Европа изгледа одличен терен за лов на страбнските тајни служби“, единствено Унгарија располага со соодветни власти задолжени да ги контролираат активностите на тајните странски служби на нејзина територија.

Потоа, европското небо е премногу отворено и контролата на транспорт на патници е неефикасен.

И третата зебелешка е имунитетот на Државите и агентите на тајните служби кога тие се акредитирани како дипломати и конзуларни работници.

Истрагата на Тери Дејвис продолжува и треба да доведе до предлози за надминувањље на констатираните слабости во законската и нормативната оббласт.