1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија очекува конструктивност од Грција

17 февруари 2012

По средбата на македонскиот државен врв околу проблемот со името, кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов соопшти дека „Македонија, како и досега, активно и конструктивно ќе учествува во процесот“.

https://p.dw.com/p/144xy
Премиерот Груевски и претседателот Иванов (архива)Фотографија: MIA

Македонија, како страна која со сериозен пристап учествува во разговорите, очекува и се надева на иста активност, сериозност и конструктивност од другата страна, се вели во соопштението од кабинетот на Иванов. Тој денеска одржа координативна средба со премиерот Груевски, спикерот Вељаноски, вицепремиерот Џафери, шефот на дипломатијата Попоски и преговарачот во спорот со името Јолевски. Средбата се одржа пред доаѓањето на медијаторот во македонско-грчкиот спор Метју Нимиц во Скопје на 20-ти февруари и Атина на 22-ри февруари. На средбата Јолевски информирал за неговите разговори со медијаторот, во јануари во Њујорк.

„Пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг, која укажа на неоправданоста на грчката блокада на македонската покана за членство во НАТО на самитот во Букурешт во 2008 година, на недвосмислен, објективен и непристрастен начин потврди дека Република Македонија своите позиции, во целиот изминат период ги заснова врз меѓународното право и почитувањето на добрососедските односи“, се вели во соопштението од кабинетот на Иванов.

Автор: ЕМФ/ миа/ макфакс

Редактор: А. Трајковска