1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија- петта во Европа

27 јануари 2012

Ракометарите на Македонија ја совладаа Словенија со 28:27 и остварија историски успех освојувајќи го 5-то место на ЕП во Србија.Обезбеден и пласман за квалификациите за ЛОИ во Лондон. Во историјата се запиша и Лазаров.

https://p.dw.com/p/13s4N
Фотографија: dapd

Кирил Лазаров со гол- рекорд ја предводеше Македонија до петтото место на Европското ракометно првенство во Србија и до место во еден од квалификациските турнири за Олимписките Игри во Атина. Со неговите осум голови во победата од 28:27 против Словенија, аутсајдерот на шампионатот стигна до историски успех, односно најдобар пласман на едно ЕП. Вака германската новинска агенција ДПА јавува за успехот на македонските ракометари и продолжува :

Шутерската ѕвезда од Атлетико Мадрид стигна до 61 гол на турнирот во Србија, што е најголем број постигнати голови на едно Европско Првенство. Претходниот рекорд го држеше Исланѓанецот Олафур Стефансон кој на првенството во 2002-ра година постигна 58 голови.

EM Handball Mazedonien gegen Schweden
Фотографија: Reuters

Лазаров со голот за 23:22 во 48 минута го постигна својот 59-ти турнирски погодок . 31-годишниот капитен на македонската репрезентација го држи и рекордот на Светските првенства . На турнирот во Хрватска во 2009-та година тој во десет натпревари даде 92 голови, потсетува германската новинска агенција ДПА.

Борко Ристовски со клучна одбрана

Македонските ракометари повторно одиграа неизвесен натпревар. По 0:2 во првите две минути, тие направија серија од 5:0 за водство од три голови разлика. Голманот Борко Ристовски со пет одбрани придонесе нашата репрезентација резултатски да се одлепи. Во 25-та минута избраниците на Ѕвонко Шундовски имаа и пет голови предност (13:8), за на полувреме да се отиде со резултат 16:12.
Словенците во вториот дел ја превземаа иницијативата и со поагресивна игра во 42-та минута дојдоа во водство со два гола разлика. Оттогаш се играше гол за гол, за Македонија на десетина минути до крајот да ја врати разликата од три голови. Последната минута имавме напад и еден гол разлика, но и исклучен играч. Наумче Мојсоски не погоди, шпанските судии им дадоа шанса за изедначување на Словенците, но Борко Ристовски одбрани „зицер“ и ја донесе победата на својата репрезентација.

Sport Handball EM Schweden gegen Mazedonien
Фотографија: picture-alliance/Pixsell

Автор:СН/ЖА/дпа/миа

Редактор: Жана Ацеска