1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија позната по историјата, културата, Библијата

Силвера Падори9 септември 2008

8-ми септември прославен и во Берлин. Како светските дипломати гледаат на малата земја од Балканот?

https://p.dw.com/p/FDpr
Фотографија: Petar Stojanovski

Во Берлин синоќа (08.09.2008) светот и‘ беше на гости на Македонија. Дипломатите од сите континенти се собраа да и‘ наздрават и да и‘ посакаат долговечност на малата земја од срцето на Балканот. Ги прашавме колку и по што ја познаваат Македонија:

“За жал не сум бил во Македонија, но ја знам нејзината историја. Им се воодушевувам на луѓето, на културата, на земјата воопшто. Ги познавам вредностите што ги има Македонија”. Вели амбасадорот на Еквадор Хорасио Скола Борха, кој го коментира и актуелниот спор кој земјата го има околу името со Грција:

"

Се надевам дека политичките разговори ќе доведат до решение за конфликтот. Ситуацијата ја следам, би кажал, од далеку. Се надевам дека спорот ќе има разврска и дека Грција ќе ги почитува одлуките и желбите на македонските граѓани”.

Привлечна туристичка дестинација

"

Ја знам Македонија како прекрасна земја со многу туристички региони, со многу историски споменици. Знам и тоа дека Македонија е во многу нешат врзана за Библијата. Амбасадорот е мој добар пријател и се надевам еден ден ќе имам прилика земјата да ја почувствува и
Biljanini Ohrid See, Mazedonien
Фотографија: Petar Stojanovski
посета” кажува и Мутума Катхурим амбасадор на Кенија, додека неговиот колега од Етипија Касахум Хуеле дополнува:

"

Македонија ја знам како древна земја, со богата историја и библиски корени. Морам да кажам дека не знам многу за современата историја и актуелната ситуација, но знам дека е атрактивна туристичка дестинација”

"

Знам дека Македонија презема голем чекори во нејзиниот развој, дека е земја која сака соработка со другите држави и дека економскиот развој е нејзин национален приоритет” , дава акцент на актуелните случувања и амбасадорката на Јамајка Џои Уелер.

Македонија, Александар Велики и Пакистан

“Ја познавам Македонија зашто регионот на сегашен северен Пакистан беше освоен од Александар Велики, кој дојде од Македонија. Во северниот дел од Пакистан луѓето се уште веруваат дека нивните корени се од Македонија” , кажува и Шахид Камал амбасадор на Пакистан

Matka See in Mazedonien
Фотографија: Petar Stojanovski

"

Сум го посетила само Охрид. Градот навистина е прекрасен и ми се допадна. Мислам дека соработката меѓу двете земји функционира, дека двете култури профитираарт од различностите кои ги обединуваат ”, смета дипипломатката Јенит од албанската амбасада додека британското воено аташе капетан полковин Франк Симпсон воодушевено истакнува:

"

Веќе сум ја посетил Македонија и ја сметам за привлечна земја. Престојував во 1999 на Косово во мисијата на НАТО и повеќепати патував во Скопје. Тоа е исклучително интересен град. Ви честитам за толку убавата земја и интересниот главен град...”