1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија поразена од Германија со 25:22

Агенции3 декември 2008

Од 2 до 14 декември, Македонија е домаќин на осмото Европско првенство во ракомет. Стартот не беше во полза на македонските ракометарки.

https://p.dw.com/p/G8Gm
Дел од германската репрезентацијаФотографија: picture-alliance / dpa

Во првиот натпревар од Европското ракометно првенство, македонската женска ракометна репрезентација загуби од Германија. Во поголемиот дел од натпреварот кој се оджуваше во Скопје, Македонија држеше резултатски приклучок со германската селекција, која во финишот изигра подобро и на крајот победи со 25:22. Најпрецизни во македонскиот тим беа Портјанко со осум и Тодоровска со шест постигнати гола, а кај Германките, најдобар стрелец беше Краузе со 11 погодоци.

„Натпреварот помина во интересна атмосфера и неизвесна борба, репрезентацијата на Германија се покажа како доста силен и тежок противник. Ние успеавме да се спротивставиме рамноправно во текот на целиот натпревар, а посебно во првото полувреме. Она што го истакнував во минатиов период е дека нашата шанса за поволен резултат ја гледам во играта во одбраната", изјави тренерот на македонската репрезентација Владимир Глигоров по натпреварот. Тој е задоволен од играта на своите избранички и се надева дека доколку вака продолжат, има шанса да се пласираат во вториот круг.

Македонија и Германија се во групата Д, заедно со Хрватска и Србија.

На осмото Европско првенство во ракомет, чиј домаќин од 2 до 14 декември е Македонија, учествуваат 16 европски селекции поделени во четири групи. Натпреварите се играат во Скопје и Охрид. Во вториот круг ќе се пласираат првите три екипи од секоја група.