1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија по Хаг оди во дипломатска офанзива

6 декември 2011

Македонија се подготвува за дипломатска офанзива со која ќе се обиде да ја ефектуира пресудата од Хаг, иако пораките од странците се идентични - без решение за спорот со името нема евроаталанско членство.

https://p.dw.com/p/13NLI
СкопјеФотографија: DW

Ваквиот чекор го најави премиерот Никола Груевски со пораката дека и трети земји, членки на ЕУ и НАТО, треба да се приклучат кон респектирање на одлуката на Меѓународниот суд на правдата, со што се утврди дека Грција ја прекршила Спогодбата користејќи вето. Шефот на државата Ѓорге Иванов прво ги собира петте амбасадори на земјите со право на вето во Советот за безбедност на ОН, а потоа македонските ставови ќе ги соопшти пред дипломатскиот кор од ЕУ.

Извори од власта брифираат дека со почитување на одредбите од Времената спогодба и со евентуален реобновен дијалог во Њујорк, би можел да се деблокира застојот во преговорите за името. Властите во Скопје со сатисфакција ја примија одлуката на Хашкиот суд. Сепак, тие побара да не се изразува „триумфализам, иако има основа за тоа“, како што изјави Груевски. Тој повика на добрососедство врз рамноправни основи. Со интерес се очекува реферирањето на грчкиот премиер на следниот лидерски самит и можната негова реакција за писмото што до него неодамна го адресираше неговиот македонски колега. Во текот на месецов не е исклучена средба на министрите Пангалос и Арифи во Атина.

Matthew Nimitz UN Sondervermittler in Mazedonien
Деблокирање на застојот во преговорите, но како? Фото - медијаторот во спорот Метју НимицФотографија: Petr Stojanovski

„Пресудата суштински ќе влијае на односите меѓу двете држави. По нејзиното објавување двете страни ќе знаат кои им се правата и обврските во билатералните односи регулирани со Времената спогодба од 95-та“, изјави за ДВ пред одлуката на Хашкиот суд, професорот Тони Десковски, кој е дел од владиниот експертски тим.

„Не очекувам дека спорот за името ќе биде атрактивна тема и провокација за двете земји во наредниот период“, кажа за ДВ Стево Пендаровски, претседател на Советот за безбедност на опозицискиот СДСМ.

Има кохезивно ткиво за релаксација на односите

Независно од политичките релации во стагнација, економската криза кај јужниот сосед, не се намалува потрошувачкиот бран во македонските погранични места, како и интересот за инвестиции во аграрот и мали погони. Грција и натаму е четврт економски партнер на Македонија. Тоа треба да се искористи, оцени за ДВ Љупчо Зиков, сопственик на Капитал-груп и издавач на истоимените весници:

Flash-Galerie Symbolbild Euro Rettungsschirm EU Flagge Griechenland Münzen
Грција и натаму е еден од најголемите економски партнери на МакедонијаФотографија: dapd

„Токму економските релации, кои и денес се многу силни, беа показ дека постои кохезивно ткиво што може да се искористи за релаксација на политичките односи, па дури и за решавање на проблемот со името.“

Универзитетскиот професор Ванчо Узунов за погрешна го смета се‘ повидливото тактизирање околу исполнувањето на евроагендата во Македонија:

„Ако имаме влада која не сака да ја интензивира европската политика кон членство во ЕУ, тогаш сегашната финасиска криза во Унијата може да ја искористи како алиби за таквата ориентација, но тоа е погрешен пристап и кусорочно гледање на работите“, изјави за ДВ универзитетскиот професор Ванчо Узунов.

Автор: Александар Чомовски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска