1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија сака да ги остави во историјата соседските спорови

АМ/макфакс26 јуни 2012

Впечатокот во Бугарија е дека македонско-бугарските односи станале исклучително сложени во последните две децении. Министер за надворешни работи Никола Попоски вели дека поделбите треба да се остават во историјата.

https://p.dw.com/p/15LPR
Фотографија: AP

Македонија ќе има исклучително посветен и одговорен однос да се оди кон остварување на заедничките цели – надминување и оставање во историјата на споровите и поделбите и градење на иднина во која ќе имаме посветли и заеднички нешта кои ќе нe спојуваат, изјави министерот за надворешни Никола Попоски во интервју за Бугарското национално радио. Тој смета дека има многу елементи кои би требале односите меѓу Бугарија и Македонија да ги направат да бидат исклучително позитивни.

„Сметам дека фактот што Бугарија веќе успеа да ги затвори поглавијата со влегувањето во НАТО и ЕУ треба да и’ овозможи една етапа во која ќе биде еден силен подржувач за влегување на сите останати земји од регионот. Тука е вклучително и Македонија. Би сакал да видам повеќе пораки кои ќе се фокусираат на оваа поддршка и сметам дека тоа би било најсилен знак за тоа дека можеме да градиме заедничка иднина. Во минатото сме виделе многу поделби и конфликти и многу опонирања и спречувања“, рече Попоски.

Symbolbild Sofia Bulgarien
Поделбите во регионот треба да се надминат и остават во историјатаФотографија: fotolia

За наводите дека Софија и Скопје заостануваат во своите односи, Попоски вели дека премногу внимание се посветува на можноста за поделба, а недоволно се инвестира во конкретна соработка.

„Кога зборувам за конкретна соработка, зборувам за соработка на ниво на граѓаните, на ниво на бизнисите, на ниво на општините. Тоа поле ни отвара многу големи можности. За жал, не секогаш е така во рефлексиите кои излегуваат во јавноста, и некогаш некои сосема спорадични димензии се презентираат како главни“, вели Попоски.

Тој во интервјуто нагласи и дека една посигурна, постабилна, побезбедна, економски попросперитетна средина во нашиот регион не може да се изгради без постабилна и просперитетена Грција.