1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија се простува од академик Никола Кљусев

Александар Чомовски 18 јануари 2008

Денеска во Македонија е ден на жалост. Државниот врв ќе оддржи почесна стража. Во чест на Никола Кљусев се оддржуваат и комеморативни седници во Собранието и МАНУ.

https://p.dw.com/p/CtSg
Почесна стража за Никола КљусевФотографија: Macedonian Information Agency
Првиот премиер на независна Македонија Никола Кљусев добива питет на историска личност. Владата постхумно го прогласи за почесен граѓанин, како човек и политичар кој имаше храброст да ја воведе државата во својата независност. Експертската влада со која раководеше го воведе македонскиот денар и ги удри темелите на македонската армија. Во чест на академик Кљусев денеска ќе се оддржат комеморации во македонското Собрание и МАНУ. Академик Никола Кљусев беше премиер на Македонија во 1991/92 година. Во времето на косовската бегалска криза и почетокот на војната беше министер за одбрана во владата на Љубчо Георгиевски. Академик Кљусев ќе биде погребан во Алејата на великаните.