1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија со засилена кампањата за влез во НАТО

Горан Петрески29 септември 2006

За да ги исполни амбициозните очекувања за влез во НАТО во 2008 година, Македонија мора да спроведе реформи.

https://p.dw.com/p/Adbv
Од НАТО средба во Брисел
Од НАТО средба во БриселФотографија: AP

Македонија ја засилува кампањата за влез во НАТО. Комитетот со кој раководи премиерот Никола Груевски денеска ја оддржа првата седница, со својот министерски тим ги преслушуваа реформите што мора да се спроведат за да се остварат оптимистичките очекувања,за членство во Алијансата во 2008 година. Шефот на дипломатијата Антонио Милошовски побара поддршка и од опозицијата за исполнување на обврските

„Тоа се пред се’ реформи во полциијата, реформи во судскиот систем, во јавното обвинитеслтво, конкретни резултати во борбата против корупцијата и нормална имплементација од преостанатиот дел на Рамковниот договор. За сите овие области има политичка волја и мислам дека владата со текот на времеото секојдневно ќе покажува нови резултати, особено во борбата против корупцијата каде имаме навистина амбициозен план со зајакнување на капацитетите на јавнотот обвинителство и доследна имплементација на реформите во судствот.“

Рамсфелд ги олади големите очекувања на аспирантие за НАТО

Седницата на комитетот за НАТО се случува само неколку дена откако американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд во Тирана ги олади големите очекувања на НАТО аспирантите со изјавата дека на земјоте од регионот никој не може да им гарантира кога ќе станата членки. Македонските погледи се свртени кон престојниот самит во Рига, оттаму да стигнат позитивни сигнали

„Очекувањата за НАТО интеграцијата се навистина големи но и реални, основани. Македонија продолжува и понатаму да биде партиципиент во мировните мисии во кои НАТО има водечка или главна улога. Мислам дека тоа високо се цени. Од контактите што досега ги имамам Македонија навистина е една земја заедно со А3 групата, заедно со Албанија и Хрватска, чии напори максимално се вреднуваат и мислам дека треба да продолжиме по тој пат.“

По првата официјална посета на Брисел новата влада се определи засилено да игра на каартата членство во НАТО како побрзо достижна цел отколку интеграцијата во ЕУ.