1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија тагува по Тоше Проески

17 октомври 2007

Младиот поп уметник ќе биде погребан денеска во родното Крушево со сите државни почести.На погребната церемонија ќе чиноначалствува архиепископот Охридски и македонски,г.г. Стефан

https://p.dw.com/p/BrmX
Простување од големата македонска и балканска ѕвездаФотографија: DW / Nebojsa Jakovljevic

Сакам да давам,затоа што и мене кога во животот ми било потребно,се нашле луѓе кои на било кој начин ми помогнале,не мора да значи дека е тоа финансиски,некоја поддршка,емотивна или друга,рече Тоше во едно од своите интервјуа.

Тоше Проески,македонската поп звезда,пеачот со ангелски глас,хуманистот и идол на повеќе генерации и на повеќе географски широчини замина во легендите на естрадата.Го сакаа во Скопје и Тетово,му се радуваа во Загреб и Белград,стигна до Лондон и Истанбул.Тргна по врвиците на славата од родното Крушево,средното музичко образование го заврши во Битола,а продолжи на Факултетот за музички уметности во Скопје.За само една деценија од голобрадо момче стигна до мега звезда,мек на зборот,обичен меѓу обичните,го сакаа композиторите и публиката.

„Моето искуство било се разбира позитивно.Луѓето во Македонија музиката ја оцениле преку мене,тие ја изградија мојата кариера,јас направив кариера преку луѓето,преку нивната љубов кон мене и кон музиката.“

Тоше Проески стана македонски мит,но и еден од најдобрите амбасадори и културни емисари на својата држава.Тој беше хуманист.Последниот концерт за помош на луѓето го организираше пред само една недела во Скопје,пред преполн стадион,во организација на американската амбасада.

Во својот роден крај даруваше црква.