1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија треба да ги исполни новите стандарди за производство на вино

Горан Петрески 9 декември 2007

Регионална конферeнција за вино се одржа на викендов во Македонија. Европските експерти дојдоа да им кажат на македонските винари што содржат новите реформи за вино во ЕУ и како да ги достигнат.

https://p.dw.com/p/CZKs
Фотографија: picture-alliance/ dpa

Европската унија подготвува голема реформа на винскиот сектор, а Македонија како извозник на вино се обидува да се прилагоди на новите услови. Претставници од Европската унија и од земјите членки викендов ги обиколија поголемите винарии во Македонија, а во Скопје оддржаа регионална средба за развој на винскиот сектор.