1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија ќе биде примена во НАТО откако ќе се реши спорот со името

3 април 2008

Со Македонија засега нема да се водат преговори за прием во НАТО, се додека не се реши спорот со името со Грција

https://p.dw.com/p/DbAi
Во Букурешт покани за Албанија и ХрватскаФотографија: picture-alliance/ dpa

На самитот на НАТО во Букурешт е одлучено засега да не се водат преговори за прием на Македонија. Планираната покана до владата во Скопје пропадна поради ветото на Грција.

Но, учесниците на самитот сепак потенцираат дека преговорите ќе продолжат кога ќе се реши проблемот со името.

Дефинитивно е дека во Алијансата ќе бидат примени Албанија и Хрватска , генералниот секретар на НАТО Јап де Хоп Шефер ја поздрави поканата за нив.