1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија ќе го почитува решението на меѓународната заедница за Косово

Александар Чомовски23 јануари 2007

Македонија останува на ставот за поддршка на решението на статусот на Косово кое ќе го утврди меѓународната заедница, е ставот на македонскиот државен врв по средбата на националниот Совет за безбедност.

https://p.dw.com/p/Abzu
Седница на Советот за безбедност
Седница на Советот за безбедностФотографија: DW

Во балканскиот регион се зголемени меѓународните активности околу иднината на Косово. Македонскиот државно - владини врв, ги разгледува своите позиции околу идниот статус на покраината. Не е исклучено по објавениот пакет на Ахтисари, специјалниот пратеник на ОН во преговорите меѓу Приштина и Белград околу државноста на Косово, да допатува и во Скопје. Од утре не случајно во Македонија престојува и виосока воена и политичка делегација на НАТО, која со македонските политчари ќе ги рагледува и безбедностите аспекти по одлуката за идниот статус на Косово.

Македонскиот Совет за безбедност со кој претседава шефот на државата Бранко Црвенковски, ги разгледувал алтернативите, дали да се признае Косово без одлука на Советот за безбедност на ОН, и ако тоа еднократно го направат САД и ЕУ и второ можна ли е дестабилизиција на Македонија? „Во овој момент не постојат индиции за посериозни нарушувања на стабилноста и безбедноста како и на територијалниот интегритет на Република Македонија, а кои би биле поврзани со збиднувањата поврзани со дефинирањето на идниот статус на Косово. Се разбира постојат одредени ризици кои се поврзани со постоењето на одредени екстремни криминални групи како на Косово така и во регионот“ кажа македонскиот претседател Бранко Црвенковски по три часовниот состанок на Советото за безбедност на кој присуствуваше и владиниот врв и разузнавачките служби.

„Засега нема некоја позериозна опасност иако наша работа е внимателно да ги следиме работите и навремено да реагираме.“ рече премиерот Груевски кој не е изненаден од изборните резултати во Србија и не очекува поместување на рамнотежата во Белград околу иднината на Косово.

Претседателот и премиерот одбагнаа јавно да се изјаснат дали Македонија и Албанија ќе бидат меѓу првите соседи што би го признале меѓународниот државен суверенитет на Косово.

„Во овој момент не би го коментирал тоа многу многу. Сосема на догло и прецизно коментиравме во Советот за безбедност. Ценам дека во овој момент не би требало јавно да ги коментирам тие работи.“

Македонија ќе го подржи предлогот даден од меѓународната заедница. Очекуваме и посакуваме тој да е поддржан и од Белград и од Приштина. Доколку за тоа се донесе резолуција во Советот за безбедност на ОН наша обврска како членка е да ја почитуваме став и така ќе постапиме реагираше шефот на државата Бранко Црвенковски.

Државно владиниот врв е заинтересиран во Планот на Ахтисари да се вгради и обврската на властите во Приштина за одбележување на македонско – косовската граница. Таква најава минатата недела соопшти и шефот на македонската диплоамтија Антонио Милошовски.

Македонскиот претседател Бранко Црвенковски денеска изјави дека нема иницијатива од Грција за ревидирање на меѓу државната спогодба за што зборувала Дора Бакојани, шеф на грчката диполматија во интервју за еден атински весник. Промени во грчко – македонскиот договор се можни само во согласност на двете страни, коментираше Црвенковски по заседанието на Советот за безбедност.