1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија ќе игра пријателска против Ангола

БГ/макфакс4 мај 2012

Македонската фудбалска репрезентација на крајот на месецов во Лисабон ќе ги одмери силите со Ангола

https://p.dw.com/p/14pZV
Фотографија: Petr Stojanovski

Фудбалската репрезентација на Македонија на 29. мај ќе одигра пријателски натпревар против соодветната селекција на Ангола, објави „Angola Press“.

Мечот на двете репрезентации ќе се одигра во Лисабон, а дополнително ќе биде одреден стадионот на кој ќе се игра.

Македонија пред натпреварот со Ангола, во Леирија, на 26. мај, во пријателски натпревар ќе сретне со една од најсилните европски репрезентации, Португалија.

Селекторот Џон Тошак со овие средби го започнува проектот – квалификации за пласман на Светското првенство во Бразил во 2014 година. Слично како и Македонија и Ангола ги започнува подготовките за старт во квалификациите за пласман на Мундијалот. Ангола пред натпреварот со Македонија, на 15. мај, во Луанда ќе игра со Нигерија.

Противниците на македонските фудбалери имаат подобар рејтинг, на последната листа на ФИФА, Португалија е на 5. место, додека Ангола е позиционирана на 78. место. Според ФИФА листата Македонија се наоѓа на 98. место.