1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонската економија во рецесија

30 јули 2009

Додека владата тактизираше чекајќи ги податоците за економските движења во вториот квартал од годината за официјално да прогласи дека земјата е во рецесија, тоа го стори Централната банка на Македонија.

https://p.dw.com/p/J0El
Фотографија: BilderBox

Советот на Централната банка (НБРМ), во денешниот (30.07.2009) извештај ги ревидираше економските прогнози. Бруто домашниот производ, на крајот на годината ќе биде во негатива од најмалку 1,8 проценти со можен пад и до 2,5 проценти. Претходната проекција на НБРМ предвидуваше пад од 0,4 проценти, но влошените економски движења од април наваму, ги принудија експертите од Централната банка да ги корегираат сопствените прогнози. Ова претставува официјална потврда дека македонската економија е во рецесија.

За рецесијата - дебата и во парламентот

На оваа тема се дебатира и во македонското Собрание. Пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Јован Гинев праша: „Какви се ефектите од мерките што Владата ги презеде за ублажување на глобалната криза споредено со останатите земји во регионот?“

Wirtschaftskompass
Како вистински да се заврти економскиот компас?Фотографија: picture-alliance/united-archives/mcphoto

Вицепремиерот Зоран Ставревски ги објасни мерките преземени во неколку наврати и потенцираше дека Македонија кризата ја пребродува полесно и од многу поразвиените европски земји.

Оптимистички се и очекувањата на Народната банка. Во денешниот извештај, таа оценува дека има простор за оптимизам поради прогнозата за закрепнување на глобалната економија и раздвижување на пазарот на метали. Стабилизирано е нивото на девизни резерви, по неколкумесечено континуирано топење. Сега салдото изнесува 1 милијарда и 372 милиони евра. Последен објавен статистички податок што делува застрашувачки е падот на индустриското производство во јуни годинава за 16 проценти. Македонските извозни компании побараа дополнителни мерки од државата за справување со последиците од кризата.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска