1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонската економија заздравува

5 мај 2010

Македонската економија се опоравува и не е во опасност од прелевање на грчката криза. Ова е заедничка оценка на македoнските власти и ММФ по денеска (05.05.2010) завршената контролна мисија во земјата.

https://p.dw.com/p/NF4Y
Позитивни оценки за стопанствотоФотографија: Nikos Pilos

Македонската влада, преставниците на Фондот и на Централната Банка се огласија со идентична прогноза за економскиот раст. Бруто домашниот производ во 2010 ќе оствари 2 процента раст. Буџетскиот дефицит ќе се движи во рамките на предвидените 2,5 проценти. Трговскиот дефицит ќе се намалува.

Шефот на мисијата на ММФ Весли Мекгру за Дојче веле ја даде следната оценка:

“Не сме загрижени дека настаните во Грција ќе се прелаат и ќе ја погодат економската стабилност на Македонија. Банките, вклучително и оние со грчки капитал, се добро капитализирани и не го вклучуваат долгот на грчката влада. Можно е влијание врз трговијата со Грција, да бидат погодени компаниите и тоа да се одрази врз економскиот раст. Но, да повторам не гледеме опасност од загрозување на економската стабилност на Македонија.

Гувернерот Петар Гошев тврди дека банките во Македонија не се во опасност од грчката криза и покрај тоа што некои од нив се со доминантен грчки капитал.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Жана Ацеска