1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонска делегација во САД

Борис Георгиевски8 февруари 2008

Македонска делегација предводена од министерот за надворешни работи Антонио Милошоски на средби со американски конгресмени и сенатори. Целта на посетата е во рамките на добивање покана за членство во НАТО.

https://p.dw.com/p/D4Jb
Американскиот конгресФотографија: picture-alliance/dpa
Македонија постигна многу во изминатиот период и заслужува да добие покана за членство во НАТО гласи пораката која македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски и парламентарната делегација што го придружува ја слушнаа во рамките на посетата на САД. Изминативе два дена делегацијата остварила средби со десетина американски конгресмени и сенатори, како и со претставници на Стејт Департментот, а присуствуваа и на традиционалниот молитвен појадок што го организираше претседателот Џорџ Буш. Македонскиот амбасадор во Вашингтон Зоран Јолевски вели дека посетата била во функција за добивање покана за членство во НАТО на престојниот самит на НАТО во Букурешт. Спроед Јолевски на средбите со американските претставници не станало збор за разгворите околу спорот со името меѓу Македонија и Грција, но била добиена поддршка за членство во НАТО.