1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонска енциклопедија ослободена од полемики

16 септември 2009

Над 250 академици, универзитетски професори, истражувачи, по седумгодишно трпеливо собирање, ја создадоа двотомната Македонска енциклопедија со селекција на 9000 личности, поими и настани.

https://p.dw.com/p/Jhia
Фотографија: Petr Stojanovski

Енциклопедијата е дел од проектот на МАНУ и нејзиниот лексикографски центар за издавање на општата повеќетомна енциклопедија. Главникот редактор, академик Блаже Ристески, вели: „Ние настојувавме оваа енциклопедија да не биде полемичка, се ослободивме од секакви митологизации, од секакви ’филства’ и ’фобства’.“

Македонската енциклопедија ќе биде промовирана денеска (16.09.2009) како капитално научно и културолошко дело. Во неа се опфатени личности од сите историски и милениумски епохи на целата територија која го носела името, или ја означува географска Македонија.

„Тука е опфатена не само праисторијата, туку и античкиот период, римскиот период, византискиот период, сите оние премрежја на овој Балкан со балканските завладувања и монархии, македонските државотворни структури во одредени периоди, а исто така и долгиот турски период“, објаснува академик Ристески.

Нов налет на национализам?

Goce Delcev
Гоце Делчев - една од личностите застапени во енциклопедијата

Академик Ристески ги одбива сите отворени, или притаени критики за нов налет на македонски национализам. Тој е убеден дека Македонската енциклопедија ќе предизвика реакција кај соседите, земји каде што припаѓа дел од територијата на географска Македонија. Но, исто така е убеден дека во создавањето на ова епохално дело се вложени непристрасност и научни факти: „Не можете да го исфрлите Гоце Делчев затоа што е роден во егејскиот дел. Не можете да го исфрлите Мисирков, оти е роден во Пела. Или во пиринскиот дел, не можете Јане Сандански да го излачите од македонската историја. Значи одевме по епохи, но потоа, до 1944 година, веќе ја имавме предвид поделбата на Македонија“

Енциклопедија во која се застапени сите заедници

Во дел од албанската научна јавност се инсистриаше енциклопецијата да нема национален атрибут „македонска“, туку да се наслови како „Енциклопедија на Македонија“.

Mazedonien Land und Leute Enzyklopädie Buch
Енциклопедија која треба да се има во библиотекатаФотографија: Petr Stojanovski

„Ние правевме национална, во смисла на државна енциклопедија. Ги почитуваме рамноправно сите етнички заедници во Република Македонија и тие се опфатени во доста голем обем од сите области, и како личности и како факти“, одговара академик Блаже Ристески, кој го предводеше тимот на МАНУ за создавање на македонската енциклопедија.

Во модерно време, во Скопје се издадени најпрво Општата детска енциклопедија, пред околу една деценија, а пред 5 години, книгоиздавателството Ми-Ан ја отпечати Енциклопедијата на личности од Македонија.

Автор: Александар Чомовски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска