Македонска стратегија за европска иднина
29 јануари 2010Македонија во 2010 година треба да усвои 103 закони и 375 подзаконски акти, со кои се врши усогласување со 844 мерки на ЕУ. Од почетокот на годинава до денеска, владата ги утврди предлог-текстовите на 38 од планираните 103 законски решенија за оваа година, а некои се веќе доставени и до Собранието.
Ова го истакна македонскиот вице-премиер за европски прашања, Васко Наумовски, кој на денешната седница на Националниот совет за евроинтеграции ја претстави ревидираната Национална програма за усвојување на правото на ЕУ за 2010 година.
Притоа, тој подвлече дека ревидирањето на Програмата, кое е завршено пред истекот на 2009 година, овозможило поместување на циклусот на нејзина имплементација за период од три месеци порано, односно со почетокот на календарската година, наспроти досегашната пракса тоа да се врши во март, односно април, што ја отежнувало нејзината реализација. Според него, ова е и потврда за силната определба и решителноста на Владата за процесот на реформи.
Автор: ЖА/ЕМФ/миа