1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонскиот министер ѕа транспорт Џемали Мехази во интервју за Дојче Веле

25 мај 2005

,, Освен Хохтиф, за скопскиот аеродром е заинтересирана и турската компанија Челеби“

https://p.dw.com/p/AeOk

,, Патиштата и пругите во Македонија не се во очајна сосдтојба, ако ги споредиме со останатите ѕемји во регионот , но и не можеме да се пофалиме со нив,“ изјави македонскиот министер за транспорт и врски Џемали Мехаѕи во интервју за македонската програма на Дојче Веле.

Тој открива дека за скопскиот аеродром освен германската компанија Хохтиф е заинтересирана и турската компанија Челеби, која веќе стопанисувала со неколку аеродроми во Европа.

Според Мехази, шанса за Македонија да се спаси од европската сообраќајна изолација се коридорите 8 и 10, за кои земјата сега нема пари, но Мехази е оптиомист дека со напредокот во евроинтеграциите фондовите на Унијата ќе се отворат за Македонија.

,, Македонските градежни компании се самоите виновни што го загубија биѕнисот вреден 50 милиони евра за изградба на обиколницата околу Скопје“ вели Мехатзи и појаснува дека грчката компанија Терна имала подобра понуда од нив на тендерот за кој што е одговорна Европската банка за обнова и развој, а македонската влада немала шанса да влијае врз одлуката.

За урбанистичкиот хаос во Македонија, министерот најавува нови законски проекти за легализација на постоечките дивоградби. ,,Ќе се уриваат само оние што не можат да се вклопат во генералниот и во деталните урбанистички планови,“ вели министерот Мехаѕи во интервју за Дојче Веле.