1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонските власти одлучија за што не смее да се известува

АМ/макфакс2 јануари 2013

Меѓународната федерација на новинари и Европската федерација на новинари заеднички ја осудија одлуката за отстранување на новинарите од расправата за буџетот на 24 декември.

https://p.dw.com/p/17CXF

„Ја осудуваме одлуката на новинарите да им се забрани следење на дебатата за прашања кои се од јавен интерес“, изјави претседателот на Меѓународната федерација на новинарите Џим Боумела.

„Оваа мерка е спротивна на добрите практики на парламентаризмот што својата работа ја води пред очите на јавноста. Клучен услов за тоа е пристапот на новинарите до информациите. Со наредбата да се отстранат новинарите, властите се ставија во позиција да одредуваат за што смее, а за што не смее да се известува“, смета Боумела.

И Меѓународната федерација на новинари и Европската федерација на новинари го поддржуваат Самостојниот синдикат на новинарите на Македонија во осудата на оваа одлука, која се сведува на цензура и забрана за слободен проток на информации.

Mazedonien Zwischenfall im Parlament von Skopje
Моментот на исфрлањето на новинарите од собраниската галерија на 24.12.2012Фотографија: MAKFAX

„Одлуката е многу повеќе обид за контрола на информациите, отколку што е одговор на какви било безбедносни причини“, додава претседателот на Европската федерација на новинарите Арне Кениг.

„Нашите колеги заслужуваат извинување и гаранција дека ваква мерка никогаш не смее да биде повторена“, вели Кениг.