1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонските издавачи меѓу комерцијализацијата и субвенциите

8 јануари 2011

Во која насока се движи македонското издаваштво? Страда ли квалитетот на сметка на комерцијализацијата и колку може овој сектор да функционира без учество на државата? Експартите од браншата се поделени во ставовите.

https://p.dw.com/p/zrpZ
Фотографија: DW

На македонското издаваштво му се случува една голема комерцијализација пришто се повеќе издавачи личат едни на други, смета Ненад Стевовиќ од издаваштвото „Или Или“.

„Се губи веќе една профилираност-препознатливост на поедините издавачи. Делата кои имаат некоја потемелна,културна, книжевна, теориска и незнам каква вредност се се’ помалку застапени во издавачките програми на нашите издавачи‘‘.

Маја Бојаџиевска од Издаваштвото „Сигма Прес“ смета дека воопшто не е добар правецот на македонското издаваштво и дека се потребни квалитетни промени: „ Мислам дека насоката воопшто не е добра, од една страна поради првата работа што ја кажав ориентацијата кон националното, она што е македонско, што и да значи тоа ,од која било епоха, век или провириенција. Тоа се темите што се поврзани со Александар Македонски, битот, тоа исклучително добро поминува.Тоа е еден вид на културна изолација според мене, од друга страна пазарот книжевен слабо функционира‘‘.

Субвенциите значајни за издаваштвото

Ein Buch in mazedonisch
Фотографија: DW

Никола Гелевски од „Темплум“ смета дека политиката на државата на тоа поле е катастрофална. Според него поради големите тендери се уништува македонското издаваштво. „Државата е многу влијателна на тоа поле, со самиот факт што издаваштвото во Македонија не е пазарна категорија. „Мислам и во поразвиени земји од Македонија сериозните книги не создаваат пари, а такви книги мора а се прават. Тоа некако е важен дел од културата, тоа се столбови, темели така што измесетени се тука некои полуги и имам впечаток дела целата конструкција, полека се распаѓа се урива, а тоа е целата конструкција наречена македонско издаваштво‘‘.

Горјан Лазаревски од „Магор“ пак смета дека иако субвенциите од државата не се големи, а сепак се од особено значење за македонското издаваштво. „ Државата реално отсекогаш го подржувала издаваштвото.И во услови на криза во која се наоѓаме јасно е дека тие услови не се многу големи, но се од особено значење за издаваштвото во државата‘‘. Но речиси сите македонски издавачи се согласуваат во едно дека најголема им е помошта што ја добиле и ќе ја добијат од Фондовите на Европската програма за литература 2007-2013 година кои даваат доволно пари за одлични, скапи преводи. Програмата е во соработка со македонското Министерство за култура кое потоа субвенционира за печатење. Преку оваа програма веќе неколку години успешно добиле македонските издавачките куќи „Или Или“,„Темплум“,„Три“,„Блесок“,„Магор“, ни појаснува Ненад Стевовиќ од „Или Или“. „Добро е што еден дел од македонските издавачи коишто се свртени кон некоја поквалитетна литература се свртени кон тие фондови коишто навистина им овозможуваат и олеснуваат да ја остваруваат својата издавачка програма ‘‘.

Да се работи посветено и со љубов

Радува податокот што македонските издавачи конкурирале и добиле во многу силна конкуренција на 210 издавачи од цела Европа,а при што биле избрани само половината од нив.

Никола Гелевски потенцира дека токму поради помошта од фондовите на Европската унија преживуваат ,а „Или Или“ имала успешна издавачка 2010 година. „Тоа е извонредно значајна програма и баш тоа ни помогна да опстанеме и минатата и оваа година.Тоа не се само давање пари,тоа е давање пари за културно проникнување меѓу европските земји,меѓу малите народи,меѓу квалитетните издавачи‘‘. .

Ненад Стевовиќ има свое решение за македонското издаваштво. „Ние веќе со години и години работиме на тоа.Формулата е да се работи посветено, да се работи со љубов, да се работи според стандардите,според правилата,а некаков си поголем успех ,дај боже ќе дојде‘‘.

Автор: Антоанела Димитриевска

Редактор: Симе Недевски