1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонските кошаркари подобри од грчкиот тим

АТ/миа/макфакс24 август 2013

На контролен турнир во пресрет на ЕП во Словенија македонските кошаркари во Улм ја победија репрезентацијата на Грција, со тесен резултат. Денеска кошаркарите ќе ги одмерат силите со Германија.

https://p.dw.com/p/19VXb
Фотографија: Fotolia/Marcito

Македонската кошаркарска репрезентација синоќа ја победи Грција со 77:75 во неизвесен финиш на турнирот во германскиот град Улм.

Во мечот, кој е дел од подготовките на македонските кошаркари за настап на Евробаскетот што ќе се игра идниот месец во Словенија, македонските кошаркари прикажаа голема борбеност и дисциплинираност во играта.

Одличен настап имаше Лестер Бо Мекејлеб со 25 поени и четири асистенции, а клучен беше и Перо Антиќ, кој постигна 16 поени и 10 скокови, а беше заслужен и за последните три поени за македонскиот тим.

Eurobasket 2011 Viertelfinalespiel Mazedonien Litauen
Бо Мекејлеб на Еуробаскет 2011 (архива)Фотографија: dapd

Со играта се издвоија и Ѓорѓи Чековски, со девет поени и четири скокови, Војдан Стојановски со 11 поени, и Владо Илиевски со 10 поени и три асистенции.

Ова е втора победа над селекцијата на Грција по онаа во групната фаза на Евробаскетот во Литванија пред две години.

Во противничкиот тим најефикасен беше Перпероглу со 12 поени следен од Спанулис, кој постигна 11 поени и осум асистенции.

По оваа победа избраниците на селекторот на македонската решрезентација Алеш Пипан денеска во 14:30 часот ги очекува дуелот со домаќинот на турнирот, Германија, а в недела го играат последниот натпревар со тимот на Босна и Херцеговина.