1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонските новинари на протест

3 јули 2011

Под мотото „Солидарност“, денеска во Скопје ќе се одржи протестен марш на новинарите и медиумските работници, чиј статус се` повеќе се влошува. Се очекува во наредните месеци без работа да останат над двесте новинари.

https://p.dw.com/p/11o9g
Телевизијата А1 на почетокот од годината емитуваше од пред зградата на владата, во знак на протестФотографија: Petr Stojanovski

Организатори на протестното собирање се Синдикатот и Здружението на новинари на Македонија, а се очекува учесниците да им се спротистават на најновите отпуштања и притисоците врз новинарите во неколку весници и телевизии. Демонстрантите ќе им се спротистават и на работодавачите и сопствениците на медиумите, кои ги прекршуваат законите за работен однос и вршат притисок врз новинарската слобода.

„Маршираме за сите врз кои се врши притисок, да докажеме дека не може да не’ поткупат, дека не може да не’ заплашат и дека ќе ги бараме своите права од работодавачите и сопствениците“, изјави Тамара Чаусидис, председателка на Синдикатот на новинари и медиумски работници, што се формираше пред шест месеци. Денеска синдикатот ќе излезе со конкретни барања.

Уредниците на телевизијата А1 донесоа одлука за едномесечен принуден одмор за новинарите на информативната редакција. Во наредните неколку месеци се очекува без работа да останат најмалку двесте новинари и неколку стотина вработени во продукциската логистика во повеќе телевизии и весници во Македонија

Автор: ТТ/СН/ач

Редактор: Симе Недевски