1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонски боксер со тренерот на Тајсон во победи

АМ/миа27 мај 2012

Стружанецот Наси Хани во 20-тата секунда од мечот со нокаут го совлада германскиот боксер Фалко Бесер. Мечот синоќа во германскиот град Билефилд го следеа неколку илјади гледачи од Германија и околните држави.

https://p.dw.com/p/153Eh
Хани се врати во боксерскиот ринг по двегодишна паузаФотографија: picture-alliance/ dpa

Ова е прв меч на Хани по двегодишна пауза, откако во 2010-та година во Германија го совлада Болт Боди. Во својата досегашна професионална боксерска кариера Хани има боксувано на шест мечеви, од кои три со последниот, ги има добиено со нокаут.

30 - годишниот Фалко Бесер од Германија, пак, има боксувано единаесет мечеви, од кои пет победи и тоа две со нокаут, и пет нерешни мечеви, а до вчерашниот меч немаше ниту еден пораз.

Mike Tyson
Тренерот на Мајк Тајсон го обучува стружанецот Наси ХаниФотографија: picture-alliance/dpa

Стружанецот Хани веќе две години тренира во боксеркиот камп во Америка каде има тренирано и легендарниот Мајк Тајсон. Тренер на Хани во моментов е тренерот на Тајсон, Кевин Руни. Тој е единствениот боксер од поранешните југословенски простори кој сега е дел од боксерскиот камп на легендарниот Кус Дамато, односно дел од кампот каде тренираше поранешниот светски првак во бокс Мајк Тајсон.

Хани е задоволен не само од условите туку и постигнатото во кампот од каде очекува неговата професионална боксерска кариера да се движи во нагорна линија со забрзано темпо.