1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

“Македонски ден “ во Турција

Исмет Кочан30 мај 2006

Македонија е мала земја, но е со поволна клима за соработка и со големо значење за Турција во нејзините планови за правовремено заземање место во трговијата и стопанската соработка со ЕУ. Со ваквото добронамерното и малку пророчко размислување на генералниот секретар на стопанската комора на Истанбул, Мете Мелекс, ј вчера попладне во Истанбул почна стопанската манифестација “Македонски ден“.

https://p.dw.com/p/AeLj
Истанбул
ИстанбулФотографија: AP

Под мото “Од силно пријателство кон силна соработка“, пред околу стотина турски стопанственици и бизнисмени, македонската делегација, составена од претставници на министерствата за економија и надворешни работи и Стопанската комора и Управата за слободни економски зони, ги претстави можностите на Република Македонија во областа на трговијата и индустријата, со посебен акцент на поволностите што им се нудат на странските инвеститори. Еден од излагачите беше и заменикот министер за економија, Сашо Андоновски, кој ги повика турските стопанственици и инвеститори за уште поофанзивен настап во Македонија:“Мислам деке беше време Македонија и Турција да го реализираат и мотото на денешната средба и нашето присуство овде во Истанбул, а тоа е “Од силно пријателство во силна соработка“ , бидејќи Македонија и Турција немаат апсолутно никакви отворени политички прашања, а капацитетите на двете земји, како и историското минато, можат да повлечат да имаме многу посилна економска соработка. Мислам дека бизнисмените недоволно добро ги знаат можностите и поволностите што им ги нудат договорите за слободна трговија. Целата на нашата посета овде е да ги запознаеме турските бизнисмени подобро со бенефитите од инвестирањето во Македонија. Мислам дека во тоа успеавме. Интересот беше голем. “

Турските бизнисмени беа заинтересирани за конкретни прашања, почнувајќи од квалификациите на работниците во одделни индустриски гранки, до минимална плата на ниво на државата и износото на давачките за социјално и здравствено осигурување. Интересни беа прашањата на претставниците на турската индустрија за производство на пилешко месо. Тие се пожалија на тешкотиите за отворање живинарска фарма во Македонија и отворено прашаа: зошто Македонците го бојкотираат турското свежо пилешко месо, а јадат по две години замрзнати американски копани во услови кога ЕУ ја има укинато забраната за увоз на пилешко месо од Турција.

Пред учесниците на стопанската манифестација “Македонски ден“ , своите позитивни искуства од едногодишната работа во Македонија ги искажа генералниот директор на “Коч Холдинг Рамстор“ за Бугарија и Македонија, Саадетин Алт, кој најави дека нивната групација после Скопје ќе гради Рамстор-маркети и во други македоснки градови, а првиот од нив ќе биде во Тетово.