1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонско собрание расправа за докомплетирање на судскиот совет

4 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/Bmdo

Во Собранието на Македонија во тек е постапката за докомплетирање на членови на Судскиот совет. Пратениците треба да се изјаснат за предложените кандидати за пополнување на преостанатите пет места во Судскиот совет. Судскиот совет инаку брои 15 членови, осум веќе се избрани од судската фела на непосредни избори, а министерот за правда и претседателот на врховниот суд на Македонија се негови членови по функција.