1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонците бараат евтина, а не безбедна храна

13 јануари 2011

На каков степен е безбедноста на храната во Македонија? Надлежните тврдат дека се спроведуваат европските правила и оти контролите се редовни и строги. Експертите не се уверени дека храната е безбедна.

https://p.dw.com/p/zwwi
Фотографија: AP

Македонците повеќе се заинтересирани за цената отколку за безбедноста, велат стручњаците за храна кои ги анкетираше Дојче Веле.

Меланин во млекото во Кина, диоксин во месото во Германија. Македонија во последниве години не се соочила со голема афера што се однесува на безбедноста на храната. Но тешко е тоа да се објасни со мобилноста на надлежните особено ако се има предвид дека станува збор за земја штотуку излезена од транзиција која сеуште ги прилагодува нормативите и ги гради институциите. Од први јанури годинава за безбедноста на храната е должна да се грижи Агенцијата за храна и ветеринарство. Првиот човек Дејан Рунтевски за Дојче Веле објаснува дека Македонија ја следи Европската регулатива и воопшто не заостанува во она што се процедури и контрола на терен.

Lebensmittel Preise in Deutschland
Експертите велат дека во Македонија не се открива небезбедната хранаФотографија: DW

Фактот што нема скандал не значи дека храната во Македонија е безбедна, смета професорот Никола Јордановски.

“Јас не би рекол дека јадеме безбедна храна, туку дека заостанува технологијата за контрола и откривање на контаминирани продукти“.

Опасност и однадвор и одвнатре

Од каде доаѓа поголема опасност по безбедноста на храната? Од увоз или пак од домашно производство ја праша Дојче Веле, д-р Драгица Зенделовска, истражувач.

“Опасноста доаѓа и од надвор и од домашно производство. Ако веруваме дека се контролира секоја пратка, тогаш треба да ги следиме производите од домашно потекло“.

Надлежност на новоформираната Агенција е обезбедување целосна заштита на потрошувачите и на животните. Таа ги обединува ингеренциите на поранешната Дирекција за храна и Управата за ветеринарство.

Dioxin Skandal Eier
Скандалот со Диоксинот во Германија отвора многу прашања за квалитетот на храната и во МакедонијаФотографија: picture-alliance/dpa

Резултатот треба да биде побезбедна храна на македонските трпези што ќе се постигне преку интегрирана контрола во сите фази на производство и увоз на храната што им се нуди на македонските потрошувачи. Во агенцијата работат 280 луѓе, од кои половина се инспектори. Располага со буџет од 480 милиони денари. Малку се и пари и вработени, признава Рунтевски.

Простор за сомнеж освен потеклото остава и начинот на кој се чува и продава храната. Чести се сликите од македонските пазари каде на тезга на екстремно високи температури се продаваат месо, месни производи јајца и друг вид на лесно расиплива стока.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Борис Георгиевски