Свет

Македонците меѓу најнесреќните на Балканот

Норвешка е на првото место на листата на најсреќни земји на планетата. На Балканот се најсреќни граѓаните на Србија, додека Македонците се втора најнесреќна земја во регионот.

FIS Nordic World Ski Championships | Fans Norwegen (picture-alliance/Zuma Press/A. Widak)

Извештај објавен денеска им даде повод за задоволство на Норвежаните, кои впрочем и онака се задоволни и среќни. Скандинавската држава се искачи за три позиции и го зазеде првото место како најсреќна земја во светот.

На второ место, веднаш по Норвешка е рангирана Данска, по која следуваат Исланд и Швајцарија.

Според експертскиот извештај објавен денеска, првите четири земји добиле високи оценки на факторите кои се сметаат за клучни за среќата: „грижа, слобода, дарежливост, искреност, здравје, приходи и добро владеење“, е наведено во извештајот, кој во соработка со ОН првпат беше објавен во 2012 година. 

„Во нордиските земји постои чувство за заедницата и разбирање за заедничкото добро“, изјави Мек Викинг, извршен директор на Институтот за истражување на среќата од Копенхаген за новинската агенција АП.

Главниот автор на студијата Џон Хеливел забележува дека парите не се доволни за луѓето да се чувствуваат среќни.

„Важни се човечките работи. Доколку богатството оневозможува луѓето да имаат чести и доверливи односи, дали навистина вреди толку?“ изјави Хеливел, кој работи како економист на Универзитетот на Британска Колумбија во Канада. „Материјалното може да му пречи на човечкото“.

Луѓето од Балканот делумно (не)среќни

Македонија во извештајот е рангирана на 92 место, што ја прави втора по ред најнесреќна земја во регионот. Понесреќни од Македонците се само граѓаните на соседна Албанија, која е рангирана на 109 место.

Во балканскиот регион најсреќни се луѓето кои живеат во Србија, која е рангирана на 73 место. По Србија следува Косово, кое е рангирано на 78 место. Црна Гора и Босна и Херцеговина се рангирани на 83 и 90 место.

Symbolbild Muttersprache Sprache Globalisierung International (picture-alliance/blickwinkel)

Сиромашните земји и погодените од конфликт на дното од листата

Иако чувството за заедништво може да им помогне на луѓето, одредено количество пари и безбедност се неопходни за чувството на среќа. Повеќето од земјите на дното на листата се соочуваат со екстремна сиромаштија.

Централноаафриканската Република е на последното место на листата, заедно со Бурунди, Танзанија, Сирија и Руанда.

Јемен, земја која се соочува со граѓанска војна и милиони лица кои се под ризик од гладување, е рангирана во последните десет.

Германија е на иста позиција како и минатата година - на 16 место, под Ирска и пред Белгија.

Последниот извештај покажува дека луѓето во Германија се чувствуваат сѐ посреќни споредено со претходните години. САД, од друга страна, е на 14 место, подолу за една позиција во однос на минатата година. Извештајот откри дека коефициентот на среќа во Америка се намалил за 5% во минатата деценија.

Најголем раст на коефициентот на среќа се бележи во Никарагва и Летонија.

Во извештајот, кој е објавен на денешниот Меѓународен ден на среќата, се рангирани 155 земји. Листата се користи од ООН од 2012 година, кога Бутан обезбеди поддршка за предлогот среќата да се препознае како водечки принцип за јавните политики.

DW.COM

Albanian Shqip

Amharic አማርኛ

Arabic العربية

Bengali বাংলা

Bosnian B/H/S

Bulgarian Български

Chinese (Simplified) 简

Chinese (Traditional) 繁

Croatian Hrvatski

Dari دری

English English

French Français

German Deutsch

Greek Ελληνικά

Hausa Hausa

Hindi हिन्दी

Indonesian Bahasa Indonesia

Kiswahili Kiswahili

Macedonian Македонски

Pashto پښتو

Persian فارسی

Polish Polski

Portuguese Português para África

Portuguese Português do Brasil

Romanian Română

Russian Русский

Serbian Српски/Srpski

Spanish Español

Turkish Türkçe

Ukrainian Українська

Urdu اردو