1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бугарски државјанства

5 јануари 2012

Македонците во рекорден број земале бугарски државјанства ланската година. 6.500 Македонци станале Бугари во 2011.

https://p.dw.com/p/13eib
Фотографија: Fotolia/fuzzbones

Рекордни 20.000 бугарски државјанства се издадени во 2011 година на странци, јави бугарската државна телевизија. Најголемата група доаѓа од Македонија. Вкупно 6.500 Македонци минатата година обезбедиле бугарско државјанство, што е неколкукратно зголемување споредено со 1.500 издадени државјанства во 2010 година. Најголемиот дел од 'новите Бугари' веднаш заминале во западна Европа“, јави телевизијата.

Зголемување на барањата се регистрираат и од лица од Молдова, Украина, Србија и Албанија. Во 2010, според официјалната статистика, беа доделени вкупно 14.828 бугарски државјанства.

Автор: БГ/ макфакс

Редактор: Александра Трајковска