1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македоснкиот Врховен Суд му ја намали казната на поранешниот владика Јован

Горан Петрески1 март 2006

Врховниот Суд на Македонија му ја намали затворската казна на поранешниот владика во МПЦ Јован. Тој наскоро се очекува да излезе од затворот Идризово.

https://p.dw.com/p/Adf0

Српскиот егзарх Јован, ќе биде ослободен. Врховниот Суд вчера му ја намали затворската казна од две и пол години на осум месеци. Во прашање се денови кога ќе излезе од скопксиот затвор Идризово, бидејќи бившиот владика на МПЦ веќе одлежа седум месеци.

„Одлуката на Врховниот Суд на Република Македонија е законита и таа одлука ја очекувуваме, затоа што Врховниот Суд на Македонија оправдано најде причини за преиначување на одлуката на Основниот Суд Битола.“ изјави Владо Георгиев адвокат на Вранишковски.

Расчинетиот владика Јован, е во затвор од јули минатата година, кога битолскиот суд го осуди за ширење на расна, верска и национална омраза. Неговата одбрана пресудата ја обжали и во Стразбур, во Судот за човекови права. Македонскиот Хелсиншки Комитет оцени дека казната за Јован е престрога и ја загрозува слободата за вероисповед.

Вранишковски беше член на синодот на Македонската Православна Црква. Владика кој раководеше со Велешко – повардарската епархија. Во 2002 се прогласи за српски егзарг. Го напушти синодот и ја основаше Охридската архиепископија, во обид да создаде паралелна црква во Македонија. МПЦ го расчини и го обвини за финансиски малверзации, а во заштита го зема Српската Православна Црква. Лани беше обвинет и за предизвикување верска омраза, поради црковните материјали со навредлива содржина за МПЦ што ги публикуваше неговата Охридска архиепископија. Случајот Вранишковски во повеќе наврати влијаеше на релациите Белград Скопје. Заладувањето на односите кулминираше минатото лето околу Илинден кога Србија се закани со економско ембарго, ако македонските власти не го подобрат третманот кон Вранишковски. Засега нема реакција од Македонската Православна Црква.