1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Малев“ банкротираше

3 февруари 2012

Унгарскиот национален авиопревозник „Малев“ денеска (03.02) ги запре сите летови и прогласи инсолвентност.

https://p.dw.com/p/13wWR
Фотографија: picture-alliance/dpa

Компанијата не можеше да си ги плати долговите, откако Европската Комисија и‘ забрани на државата да ги сервисира долговите на „Малев“ и му наложи на авиопревозникот да ја врати државната помош во износ од 130 милиони евра добиена во периодот од 2007 до 2010 година. Како последица на одлуката загрозени се повеќе од 10 илјади работни места, а илјадници патници во Будимпешта и други градови денеска останаа заглавени на аеродромите.

ЕУ инсистира „Малев“ да им ги врати парите од продадените билети на патниците кои веќе не можат да патуваат со компанијата, и покрај тоа што таа банкротираше.

Автор: БГ/афп/дпа

Редактор: Е.М.Фиданоска