1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Малики – полициски час

29 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BZBv

Ирачкиот премиер, Нури ал Малики, воведе полициски час во градот Кербела по крвавите судири во кои загинаа 52, а беа повредени повеќе од 200 лица. Малики лично допатува во Кербела за на лице место да ја оцени ситуацијата во градот каде во изминатите денови се славеше верски празник. Според ирачкото министерство за внатрешни работи, милициите на радикалниот духовен водач, Муктада ал Садр ги нападнале безбедносните сили во кербела и со тоа предизвикале судири.