1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мали - време за одмазда

Марк Дуге/Симе Недевски25 јануари 2013

Две недели трае интервенцијата на француската војска во Мали и веќе дава резултати. Меѓутоа. Новиот проблем е стравот од одмазда. Околностите во Мали се менуваат, а некои граѓани го користат тоа да ги израмнат сметките.

https://p.dw.com/p/17QwF
Фотографија: ISSOUF SANOGO/AFP/Getty Images

Колку е опасно да се биде новинар на северот на Мали, го покажува случајот од саботата. Исламистите претепале до смрт еден популарен радио водител и тоа само затоа што соработувал со странските медиуми. Веста за неговото убиство ги ипровоцирала граѓаните. Тие решиле да се одмаздат. Влегле во куќата на поранешниот командир на полицијата и го линчувале. Вестите како оваа влеаваат страв кај многу луѓе.

Mali Lage in Diabaly
Фотографија: Reuters

Лахбиб Олуд Бади е портпарол на арапската заедница во Мали. Тој стравува дека цел на нападот би можеле да бидат неговите сонародници: „Тоа значи војна. Со други зборови, невините можат многу лесно да се најдат меѓу два огна. Овде во Бамако веќе имаше напади од тој тип. Кај некои семејства едноставно се појавиле луѓе во униформа. Влегувале во нивните куќи под лажен изговор и се‘ претресувале. Им запленувале документи, но и вредни работи. На едно семејство му земале пари, телевизор, накит.“

Туарезите се грижат за безбедноста

И Туарезите се грижат за својата безбедност, бидејќи некои од нив, оние порадикалните, допринесоа за распламтување на кризата на северот на Мали, минатата година. Порано биле членови на либиската војска, а по симнувањето на Моамер ел Гадафи од власт, се вратиле во Мали вооружени до заби, започнале борба за независност.

Дури потоа исламистите ја преземаа контролата на северот на земјата. Војската на Мали беше принудена на повлекување. Многумина и ден-денес за конфликтите во Мали ги обвинуваат Туарезите. Организацијата за заштита на човекови права „Хјуманс рајтс воч“ тврди дека минатиот викенд имало неколку напади.

Французинка во Мали

Одмазда имало и порано. Неколку куќи во текот на изминатата година се уништени, а голем број Туарези морале да ги напуштат своите домови. Сепак има и такви кои не стравуваат за своите животи.

Mali Lage in Diabaly
Фотографија: Reuters

Французинката Моник Дореј раководи со еден хотел. Веќе 26 години живее во Мали. Голем број нејзини пријатели го напуштиле Бамако, бидејќи така гласела препораката на француската амбасада. Моник тоа сепак не го сторила: „Повеќе се грижиме за својата безбедност. Има двојно повеќе чувари отколку порано. Ангажиравме една фирма. Меѓутоа, не може да се зборува за воена атмосфера. Има напади и обиди да се изведе бунт, но поинаку е. Овде во игра се многу повеќе сили“.

Нејзе не и’ паѓа на ум да се врати во Франција, и покрај фактот дека работата поради случувањата во земјата слабо и’ оди. Во нејзиниот хотел гости се само неколку новинари: „Моментално во хотелот работат 70 луѓе, порано имав многу повеќе вработени. Морав да ги пратам дома. Работат само повремено. И покрај фактот дека е тешко, се трудиме да им обезбедиме работа, кога е тоа можно. Се надеваме дека напнатоста се’ повеќе ќе се намали. Бидејќи неможе ова да трае вечно, тоа едноставно не е возможно.“