1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мали: Обнова без мир?

Петер Хиле, Рамата Соре/ Симе Недевски17 мај 2013

Европските земји на донаторска конференција ветија 2 милијарди евра помош за Мали за да се воспостави стабилна демократија во земјата и да се спречи таа да стане засолниште на терористи. Но, во Мали, мир не е на повидок.

https://p.dw.com/p/18ZSj
Фотографија: picture-alliance/dpa

Градот Кидал на североистокот од земјата во овој момент го контролираат бунтовниците на МЛНА. Така се нарекуваат вооружените сили на движењето за независност на туарешки племиња. Но малиската војска (фотографија горе) се движи во насока на Кидал. Кога ќе стигнат војниците во тој град? Портпаролот на војската, потполковникот Дијаран Коне, не сакаше за тоа да го информира ДВ.
„Можеме да претпоставиме дека војската ќе влезе многу брзо во градот“, вели Улрих Делијус, референт за Африка во Здружението за загрозени народи. Таа организација се бори за правата на Туарезите. Освојувањето на Кидал би бил вистински пресврт“, смета Делијус. „Тогаш јасно ќе се види како тие војници вистински се однесуваат кон Туарезите- и со оние кои се вооружани, како и со оние кои не се. Стравуваме оти ќе продолжи прекумерното насилство“, вели Далијус. Во текот на освојувањето, во областа во која живеат Туарезите, се веќе убиени околу 400 цивили.

Утврдување на Туарезите

Кидал се смета за последно упориште на МНЛА, движењето кое се залага за независна држава на Туарезите. МНЛА го освои Кидал и други градови на северот на Мали во март 2012. Наскоро, меѓутоа, мораше да ја предаде контролата на исламистичките бунтовници, кои го освоија целиот север на земјата. Но откога француските трупи и војниците од Чад ги истераа исламистите на почетокот на февруари, МНЛА успеа да го поврати своето влијание.
Потполковникот Дијаран Коне објаснува дека целта на преместувањето на војската во насока на Кидал е осигурување на безбедноста на земјата. Важно е да се обезбеди уредно одржување на претседателски избори кои се планирани за крајот на јули. Особено Франција е таа која упорно инсистира да се одржат изборите, бидејќи преодната влада на Мали нема демократски легитимитет. Претседателот Диокунда Траоре стапи на должност на предлог на Западноафриканската заедница ЕКОВАС, за да го замени Амаду Саного, кој дојде на власт со воен удар во март 2012 година.

Tuareg/MLNA/Mali/Kidal
Бунтовниците на МЛНАФотографија: Reuters

Избори, храна и безбедност

Улрих Делијус од Здружението за загрозени народи не верува дека изборите ќе се одржат во јули. Повеќе од 400.000 Малијци и понатаму живеат во странство или се внатрешно раселени во Мали. „Тие во секој случај мора да учетвуваат на овие избори, инаку резултатите нема да бидат репрезентативни“, вели Делијус. „Моментално не гледаме оти е можно такво нешто .“ Покрај тоа, властите во Мали мора да започнат дијаог со своите противници во конфликтот, вели тој борец за човекови права. А Европа би требало, со давањето финансиска помош истотака да побара Мали да ги почитува човековите права и да побара политичко решение за прашањето на Туарезите.
За обнова на Мали се потребни две работи, истакнува Анете Ломан, диркторка на претставништвото на германската фондација „Фридрих Еберт“ во престолнината на Мали- Бамако: „Хуманитарната ситуација на северот е и понатаму кревка. Храната е главен проблем“, вели Ломан. „Во секој случај, мора да се погрижиме и таму да се воспостават државни структури.“ Безбедноста која ја пружаат претставниците на државата, би била од пресудна важност, смета Ломан.

Mali mit den Städten Bamako, Gao und Kidal Deutsch

Напад на цивили

Причината за несигурност се исламистичките бунтовници кои и понатаму го тероризираат населението. Веќе во три наврати откако француските војници го ослободија градот Гао, бунтовниците започнаа вооружени престрелки и организираа самоубиствени напади. И областа во која се наоѓа Кидал е загрозена- и тоа не само поради борбите меѓу војската и туарешките бунтовници. Во саботата, на 11. мај, напаѓач за кој се смета дека им припаѓа на исламистите, пукаше во група луѓе која чекала хуманитарна помош во едно село во близината на Кидал. Во нападот се убиени три цивила.
Иако насилството трае, францускиот министер за надорешни работи Лорен Фабијис говори самоуверено. „Победивме во војната. Сега мораме да победиме и во мирот“, рече Фабијис во Брисел.