1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мали повторно членка на Африканската унија

ЖА/дв/дпа25 октомври 2012

Африканската унија повторно го прими Мали во редот на своите членки. Советот за безбедност на оваа унија предложи план за повторно воспоставување на државната власт во северниот дел од земјата.

https://p.dw.com/p/16W3p
Фотографија: Reuters

Африканската унија одобри патоказ за политички излез од кризата во Мали, кој вклучува организирање парламентарни избори во земјата во април наредната година. Одлуката на Унијата има за цел да ја обнови стабилноста во Мали по превратот во март оваа година, во кој војската го собори од власт претседателот Амаду Тумани Туре. Во април власта во земјата ја презеде времен претседател.

Западноафриканската држава моментно страда поради две кризи - по пучот во април раководењето на земјата е и натаму поделено и северниот дел на Мали е под контрола на исламистите. Поради окупацијата илјадници жители побегнаа од своите домови. На властодршците во северниот дел од земјата им се забележува за систематско кршење на човековите права. Според Меѓународниот црвен крст, во овој регион е на повидок тешка хуманитарна криза. Половината од еден милион жители има потреба од итна помош до крајот на оваа година, хуманитарната состојба е загрижувачка, изјави шефот на организацијата Петер Маурер. Тој ја повика меѓунардоната заедница да стави на располагање 20 милиони евра.

Се прават планови за испраќање трупи во Мали од Западноафриканската економска заедница ЕКОВАС, за што Советот за безбедност на ОН даде начелна согласност. Трупите би можеле да бројат околу три илјади војници.