1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мали подобрувања на работниот пазар во Германија

6 јули 2004

Сојузната агенција за труд на Германија, денеска во Нирнберг ги објави бројките за невработеноста во јуни, според кои во овој месец се регистрирани 4,233 милиони лица како невработени.

https://p.dw.com/p/AeQp
Сојузна агенција за труд
Сојузна агенција за трудФотографија: AP

Состојбата на раборниот пазар во Германија во јуни е подобрена. Бројот на невработените како последица на вообичаеното пролетно заживуваање се намали за 59.700 лица и изнесува 4.233 милиони, соопшти сојузната агенција за труд. Според овие податоци во јуни годинава бројот на невработени во однос на истиот месец лани е намален за 25.300. За првпат од почетокот на годинава, управата во Нирнберг можеше да забележи и намалување на невработеноста за 1000 лица, кога би се тргнале настрана сезонските вработувања. Квотата на невработеност во цела Германија во јуни изнесува 10, 2 проценти, односно 0, 1 насто помалку отколку во мај. Сепак конјунктурното заживување сеуште не се отсликува на работниот пазар, појасни претсетдалот на управата на сојузната агенција за труд Франк Јирген Вајзе, и дополни

“Економскиот раст постепено се засилува. Прогнозите на институтите за втората половина од годинава се подигнати. Ова очекувано конјуктурно заживување се уште не се забележува на работниот пазар. Во моментов профитираме од пролетното заживување кое одминува. Токму поради ова бројот на невработените во јуни и натаму опаѓаше. Се намали на 4,233 милиони лица. Кога овој број ќе се исчисти од сензонските невработување се забележува дека нема зголемување на невработеноста во јуни.”

Состојбата со слободни места за надобразба и натаму е полоша отколку од пред една година. Според сојузната агенција за труд , за 102 300 слободни места конкурираат 279 300 млади лица. Но Вајзе рече

“Сметаме дека пактот за надобразба ќе почне да делува до септември со тоа на секој млад човек да му се овозможи успешен стар во професионалмниот живот.”

Ова важи за сите невработени под 25 години, кои од јанури наредната година ќе бидат поитензивно згрижени.