1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мали се колеба за мисија на ОН

ЕМФ/миа/дв12 февруари 2013

Владата на Мали досега не дала согласност за стационирање на мировни сили на ОН во земјата. Францускиот претседател Оланд најави дека воената мисија во Мали ќе трае се‘ додека земјата не биде исчистена од исламисти.

https://p.dw.com/p/17cZO
Фотографија: Getty Images

Заменикот генерален секретар на ОН Јан Елијасон пред новинарите во Њујорк соопшти дека планот за распоредување на мировни сили на ОН наидува на се‘ поголема поддршка во Африканската унија и Западноафриканската заедница на држави ЕКОВАС, но дека владата во Мали се колеба. Франција побара од Советот за безбедност на ОН да ја преиспита можноста од создавање мировна мисија за Мали.

Во меѓувреме, францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека негова цел е Мали да биде исчистен од „терористи“, а во исто време франуцските и силите од Мали воспоставија контрола врз стратешкиот град Гао, во северниот дел на поранешната француска колонија. „Ниту едно парче територија на Мали не смее да биде под контрола на терористите“, истакна шефот на француската држава. Според Оланд, „голем дел од територијата на Мали е ослободен“ и „терористичките групи“ веќе немаат во свои раце ниту еден единствен град.