1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мали чекори на приближување во САД

Сара Кумпф (ард)/ Александра Трајковска12 октомври 2013

Во финансискиот спор во САД сѐ уште нема решение. По повеќенеделна блокада меѓутоа претседателот Барак Обама и опозиционите Републиканци повторно разговараат.

https://p.dw.com/p/19yTE
Фотографија: Jewel Samad/AFP/Getty Images

Сѐ уште нема пробив за финансискиот спор во САД - но сега се чини e поверојатно дека ќе се најде решение. Портпаролот нa претседателот Барак Обама, Џеј Кaрни вчера рече дека претседателот смета дека разговорите со Републиканците и нивните предлози биле „конструктивни“.

Сепак Обама има уште некои задршки во однос на предлозите на Републиканците. Разговорите траеa синоќа до доцна во ноќта. Според информации на „Вашингтон пост“, последниот предлог за решение веднаш би ја прекинал актуелната блокада на американската администрација и јавните служби би имале финансии за наредните шест месеци. Освен тоа, горната граница на долговите ќе бида покачена, со тоа што САД до крајот на јануари 2014. година ќе останат солвентни. Во поинаков случај, според пресметките на експертите на крајот на октомври САД ќе бидат платежно неспособни, со несогледливи последици за светската економија.

US Präsident Obama Rede in Washington
Претседателот на САД Барак ОбамаФотографија: REUTERS

Републиканците високо ги поставија условите: Тие сакаа да го одобрат буџетот, доколку истовремено важни делови од здравствената реформа на претседателот Обама, т.н. „Обамакер“ бидат одложени. Со реформата имено повеќе луѓе треба да добијат пристап до здравствените осигурувања. Со ваков пиштол на гради меѓутоа претседателот не сакаше да преговара - по што дојде до блокадата. Стотици илјади соработници на јавните служби оттогаш се на принуден одмор или работат натаму бесплатно.

John Boehner nach Treffen Abgeordnete im Weißen Haus Militärschlag Syrien
Републиканецот Џон БонерФотографија: Getty Images

Од четвртокот меѓутоа ова барање е симнато од дневен ред - ова го потврди пратеникот од редовите на Републиканците, Џејмс Ланкфорд, за телевизијата СиЕнЕн: „Луѓето во мојот изборен круг не го сакаат овој закон. Но во моментов за тоа не може ништо да се направи“, рече Ланкфорд.

Движечка сила против „Обамакер“ е ултраконзервативното движење „Ти-парти“. Додека траат преговорите меѓу републикански пратеници во Конгресот и претседателот Обама, тие на еден собир негодуваа против здравствената реформа. Конзервативниот афро-американски активист Бен Карсон рече: „'Обамакер' е најлошото што се случува во Америка, по ропството“. Тоа било некој вид ропство, изнесува Карсон, „бидејќи со тоа сите ние сме покорени на владата“.

Договорот меѓу Републиканците и Демократите најверојатно ќе мора да биде реализиран без гласовите на пратениците од „Ти парти“ движењето. Засега е неизвесно дали ваков договор може да се очекува уште во текот на викедов.