1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Малку позната детска проституција во Германија

Штефани Хепнер/ Симе Недевски12 август 2013

Детската проституција обично се поврзува со секс-туризмот на Тајланд или со неодамнешниот пример на апсење 150 криумчари на луѓе во САД. Но детска проституција има и во Европа, па така и во Германија.

https://p.dw.com/p/19Km9
Фотографија: Fotolia/Artem Furman

Неспорно е дека и во Германија има детска проституција, но вистинските размери за тој проблем не се познати. „Има малку податоци за детска проституција, бидејќи едноставно ни недостасува доволно знаење и бројка за тоа“, вели Мехтилд Маурер, директорка на Здружението за заштита на деца од сексуално искористување (ЕЦПАТ).

Проблемот е во тоа што статистиката во полиција е недоволно детална. Полицијата има информации за сексуално насилство и злоупотреба, но не и за заднината на тие случувања. Од друга страна, детската проституција се одвива во тајност. Во бордели, клубови и во посебно изнајмени станови, малолетничката проституција е ретка.

Постојат само неколку назнаки, како овие: Во „Полноќна мисија“, организација за помош во Дортмунд, секое 11-то лице кое побарало помош, било малолетно. Вкупно во цела Германија, според податоците на берлинското здружение „Хидра“, би требало да има околу 400.000 проститутки. Дури и податоците за оние кои ги користат нивните услуги се ограничени. Се знае дека мнозинството од нив се мажи постари од 40 години и доаѓаат од различни средини.

Голем број жртви од Германија

Меѓутоа, точните податоци покажуваат дека многу предрасуди за проституцијата се пограшни. „Знаеме дека детската проституција е поразновидна отколку што се очекува“, вели Маурер. Во ЕУ се вртат милијарди евра во тој бизнис. Сепак жртвите не се само девојки од источна Европа и од Африка, туку има многу и од Германија.

Symbolbild sexuelle Gewalt Prostitution Menschenhandel Zwangsprostitution
Фотографија: picture alliance / Photoshot

Дортмундската организација за помош „Полноќна мисија“ проценува дека околу две третини млади луѓе, кои се обратиле за помош, ако не станува збор за жртви со трговија на луѓе, туку за проституција, потекнуваат од Германија. Некои од нив тоа во меѓувреме тоа го работат секојдневно, меѓу училиштето и вечерата. Другите се зависници, се финансираат со проституција, за да имаат покрив над глава.

Исто така, патиштата во проституцијата се различни: Момчињата и девојчињата во проституција често ги тераат познати луѓе или дури роднини, еднакво како и странци кои се служат со разни трикови, за да стекнат доверба кај тие деца.

Заљубување за девојчињата, отворени станови за момчињата

Еден од начините на кои девојчињата се вовлекуваат во проституција се на пример, т.н. „љубовници“, вели Силвија Ворхауер, социјален работник од здружението „Полноќна мисија“.

„Тоа се најчесто млади мажи кои целно бараат токму девојчиња во пубертет и им приоѓаат на училиште, во кафулиња, дискотеки. На убав и шармантен начин прават тие да станат емоционално зависни од нив.“

Девојките пак, импресионирани од таквиот пристап, често се заљубуваат. Во текот на таквиот однос, се одалечуваат од пријателите и од семејството, бидејќи споменатите мажи стануваат најважни во нивниот живот. На крајот, тие често зборуваат за своите „проблеми“, вели Ворхауер. Еден од примерите во тие приказни на споменатите мажи е и дека поради коцкање западнале во долгови и дека им се закануваат. Девојката решава да му помогне брзо да дојде до пари.
Освен девојчињата, со тоа се сѐ повеќе погодени и момчињата, објаснува Маурер. На повик на сексуалните „предатори“, тие стигнуваат на договореното место. „Момчињата се повикуваат на игра, тука има пингпонг, можност за уживање во филмови, Плејстејшн, а на крајот, може ќе се гледаат порно филмови“, вели Маурер. Така се воспоставува пријателски однос со нив. На крајот, доаѓа и до секс. Односно најпрво до сексуални дејствија, на самите себе си, а потоа и со други. Поради притисок, многу тоа и го прават.

Sexueller Missbrauch an Kindern
Фотографија: picture-alliance/dpa

Тешко е да се пронајде излез

Да се стапи во контакт со жртвите е тешко. Ретко сами се обраќаат на некоја од организациите за помош. Често роднините, браќата и сестрите, се сомневаат дека нешто не е во ред. Тоа е само првиот чекор, бидејќи патот до излезот од ваквата ситуација е долг. Една од причините е и таа што многу млади не се свесни за сопствената несреќа и својот влез во проституцијата го гледаат како нешто позитивно.

„Постои феномен кој го викаме 'почетничка еуфорија'. Тоа значи дека девојките во пубертет бунтуваат против нормите и правилата на возрасните, влегуваат во проституција која е табу тема, а од тоа табу уште и заработуваат“, објаснува социјалната работничка Ворхауер. Девојките исто така често стравуваат дека поради социјалните работници би морале да ја прекинат врската со мажите кои ги вовеле во проституција. Излез од кругот на проституција се случува само тогаш кога девојките сами го сакаат тоа. Најважно е да не се наруши довербата, порачува Ворхауер.