1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Малцинските заедници не ја гледаат иднината на Косово

Рефки Алија/ Александра Трајковска16 февруари 2013

Петата годишнина од независноста на Косово, неалбанските и несрпските заедници ја дочекуваат со незадоволство. Младите и образованите најрадо би се иселиле во друга земја, бидејќи на Косово не гледаат перспектива.

https://p.dw.com/p/17fTJ
Фотографија: DW

Едис Јонузи, Бошњак од Призрен пред четири години заврши медицински факултет во Белград. Враќајќи се на Косово, во родната Приштина стажираше една година во Клиничко-болничкиот центар. Кога помисли дека стекнатото знаење ќе може да го примени во секојдневната работа и дека од тоа ќе може да живее, настапија проблемите. Освен непризнавање на дипломата од страна на косовските власти, на виделина изби и „дискриминација“ и тоа, како што нагласува, посебно во Призрен, кој се смета за најмултуиетнички град на Косово.

Проблеми при вработување

„Албанската заедница и власт го користат вакуумот, кој поради непризнавањето на дипломите се случува со студентите Бошњаци и тоа им служи како изговор да вработуваат луѓе од својата заедница. Во последните шест, седум години вработен е само еден Бошњак во локалната болница, а редицата е нависина долга. Голем број Бошњаци се иселија поради страв за егзистенцијата, а многу поголем број млади чекаат да се иселат“.

Ниту Јонузи не мисли поинаку кога станува збор за заминување во странство, иако се вратил со намера во Призрен да ја гради својата иднина. „Јас имам српски пасош, меѓутоа бев приморам да поднесам барање и за бугарски и врз основа на тоа морам да ја барам индината некаде во Западна Европа“.

Различни погледи

На друга страна, некои од политичките претставници на неалбанските и несрпските заедници, секој на свој начин, гледаат на петгодишнината од независноста: „Бошњаците се трета по бројност заедница на Косово, веднаш зад Албанците и Србите, и се интегрирани во новото косовско општество. Застпени се во Собранието на Косово со четири пратеници, имаат свои училишта до универзитетско ниво, медиуми на босански јазик“, вели Чамаљ Куртиши, заменик претседал на Собранието на Призрен, додавајќи дека припадниците на неговиот народ сепак се соочуваат со бројни проблеми, почнувајќи од „неисполнување на ветувањата на Владата на Косово да формира општина со мнозинско бошњачко население, потоа непочитување на собраниската одлука за службена употреба на босанскиот јазик во призренската општина“.

Minderheiten Kosovo
Чамаљ КуртишиФотографија: DW / Alija Refki

Ништо не се вложува во Гора

Мурсељ Хаљили од Драгаша, пратеник во Собранието на Косово од Граѓанската иницијатива Гора, не гледа никаков напредок пет години по прогласувањето независност. „Нашиот основен проблем е непостоењето на права на општината. Во овој случај ние секогаш сме малцинство и не можеме да одлучуваме за својата судбина. Имаме доволно проблеми поврзани со економскиот опстанок на Гора, бидејќи сите овие години ништо не се вложуваше. Затоа голем број наши луѓе си заминаа од Косово“.

Иако турската заедница е најзастапена - има министер во Владата и пратениците, ја добија општината Мамуша со мнозинско турско население, Орхан Лопар потпретседател на општина Призрен нагласува дека по 1999 година е укинато правото на службена употреба на јазикот на косовско ниво. „Во знак на протест јас не земав лична карта, бидејќи барам да биде на турски. За мене тоа е дискриминација. Ако го загубиме јазикот ние ќе станеме Албанци“.

Minderheiten Kosovo
Орхан ЛопарФотографија: DW / Alija Refki

Египќани речиси да нема во јавните претпријатија

Џевдет Незири е пратеник во Собранието на Косово од заедницата на Египќаните. Тие се задоволни со тоа што се резервирани места за нивните ученици и студенти, со слободата на движење и зборување, на пример. Незири меѓутоа го загрижува незастапеноста на неговите сонародници во државните служби: „Во јавните претпријатија бројот на Еѓипќаните е многу мал, или на пример во ПТТ или во Косовската електрокорпорација воопшто не’ нема. Занемарлив е и бројот на Египќаните вработени во полицијата и на царина. Врз основа на важечките закони во јавните институции предвидено е десет проценти од вработените да мора да бидат од немнозинските заедници“.

Kosovo Straße mit Geschäften und Läden in Prizren
Фотографија: picture-alliance/ dpa

Јонузи, но и се’ поголем број млади, не само негови сонародници, не гледаат перспектива на Косово. Својата иднина планира да ја гради некаде во западно-европските земји и како што рече, чека само поволна можност за тоа.