1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мал увид во шпионската пракса

АТ/ дпа/ афп4 февруари 2014

„Гугл“, „Фејсбук“, „Јаху“ и „Мајкрософт“ за првпат обелоденија кои податоци како морале да им ги испорачаат на тајните служби на САД. Реалните размери на надгледувањето се претпоставува дека биле многу поголеми.

https://p.dw.com/p/1B2Ub
Фотографија: picture-alliance/dpa

Водечките американски интернет претпријатија за првпат објавија статистики за барањата за податоци на корисниците од страна на тајните служби. Дури и по олабавувањето на ограничувањата од страна на Министерството за правда во Вашингтон, објавените податоци даваат само многу непрецизна слика за реалните надгледувачки активности. Се вели дека во првата половина на 2013 година биле доставени различни видови на барања поврзани со националната безбедност, и тоа меѓу нула и 999 барања на американските власти - официјалната бројка се наоѓа во овој распон и не смее да се соопштува. Ова отвара простор за секакви шпекулации.

Речиси 60.000 шпионажи - легални

Малку појасни се бројките за погодените профили на клиентите. Така, на пример, „Јаху“ на барање на судот надлежен за шионажата на тајните служби во странство морал да прикаже содржини од преку 30.000 профили. Претпријатието смееше да објави само распон од 30.000 до 30.999. Кај „Мајкрософт“ биле од 15.000 до 15.999 профили на корисници, кај „Гугл“ од 9.000 до 9.999. „Фејсбук“ објавува дека станувало збор за од 5.000 до 5.999 профили на членови. Претпријатијата нагласуваат дека кај различни профили истите личности поединечно биле броени.

Одговорниот во правниот оддел на Мајкрософт Бред Смит смета дека овие бројки потврдувале дека меѓу милионите корисници само малкумина биле погодени од барањата на властите. Истовремено тој ја потврди критиката за обидите на тајните служби да собираат информации вон правно пропишаните процедури. „Вашингтон Пост“ извести дека тајната служба НСА се прикачувала на сообраќајот на податоци меѓу сметачките центри. Белата куќа и другите влади јавно не се откажале од ваквите методи, критикува Смит.

Писма од ФБИ

Четирите претпријатија сметаат дека за поетинечните видови на барања во однос на националната безбедност, како т.н. национални безбедносни писма на ФБИ или барањата на судот надлежен за шпионажа на тајнтие служби во странство, ќе известуваат одделно. Бројките смееја да ги објават во распон од 1.000 профили.

По скандалот со методите на шпионирање на НСА редица интернет концерни бараат дозвола да ги информираат своите клиенти за барањата на властите. Тие стравуваат за нивниот имиџ како слободен медиум и би сакале да го избегнат впечатокот дека биле помагачи на агентите.