1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Маневар во Персискиот Залив

АТ/ дпа/ дапд28 декември 2012

Ѕвечкање на сабјите или воена рутина? Иран започна голем поморски маневар во Персискиот Залив, вклучувајќи го и стратешки важниот Ормутски Теснец. Вежбата треба да трае шест денови.

https://p.dw.com/p/17AOI
Фотографија: picture alliance/abaca

Долгорочно планираната операција би требало да демонстрира подготвеност за заштита на регионот од потенцијалните воени закани, изјави командантот на морнарицата Хабиболах Сајари за државната новинска агенција Ирна. Во атомскиот спор со Западот, Иран повеќепати се закани, во случај на санкции против својот извоз на нафта, дека ќе го блокира важниот Ормутски Теснец. 

Низ морскиот теснец се одвиваат околу 40 проценти од светските транспорти на сирова нафта. Иранската државна телевизија извести дека во маневарот не учествуваат само воени бродови и подморници, туку и борбени авиони. Бродовите, кои не припаѓаат кон иранските здруженија ќе бидат повикани да го избегнуваат овој регион до 3. јануари. Манварот, според извештајот се изведува на површина од 400.000 квадратни километри.

Западот се сомнева дека иранската влада под плаштот на цивилна нуклеарна програма тајно работи на производство на атомско оружје. Израел и САД затоа не ја исклучуваат можноста и за воени напади врз иранските постројки. Техеран ги негира обвинувањата и од своја страна се заканува со употреба на ракети, кои според воени извори достигнуваат даличина од 2.000 километри до територијата на Израел.