1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

МАНУ ја повлекува Енциклопедијата

1 октомври 2009

По жестоките реакции, Македонската академија на науките и уметностите донесе одлука да ја повлече „Македонската енциклопедија“ и да ги ревидира оспорените одредници во неа.

https://p.dw.com/p/JvOq
Македонската енциклопедијаФотографија: Petr Stojanovski

МАНУ ќе ја запре натамошната дистрибуција на „Македонската енциклопедија“ и во најкус рок ќе ги коригира оспорените одредници во двотомната публикација: Албанско-македонските врски и односи, Албанците во Македонија, Али Ахмети, Агресијата врз Македонија, ОНА и Гонџа Агнеза Бојаџиу.

Ова е главен заклучок на Претседателството на Академијата по неколкучасовниот состанок во средата (30.09.09).

Претседателството на МАНУ ќе свика вонредно собрание на Академијата, на кое ќе се расправа за реакциите, критичките забелешки и сугестии во однос на Енциклопедијата, за работата на Главната редакција и за наредните чекори кои ќе ги преземе во реализацијата на овој научен проект.

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов ја поздрави најавата на МАНУ за повлекување и корекција на неодамна подготвената „Македонска енциклопедија“ и ги повика сите граѓани да ја покажат на дело традицијата на соживот, почит и толеранција.

Автор: АТ/миа

Редактор: Жана Ацеска